Објавено на:

Папата Лав XIV денес повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа

t

Папата Лав XIV денес повика на итно прекинување на огнот во Појасот Газа, како и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и целосно почитување на хуманитарното право.

„Од Појасот Газа, сè повеќе ги слушаме плачот на мајките и татковците кои ги држат безживотните тела на своите деца и кои постојано се принудени да се движат во потрага по малку храна и вода и побезбедно засолниште од бомбардирањето“, рече папата. Тој, исто така, повика на мир во Украина за време на приемот на плоштадот Свети Петар, велејќи дека често мисли на „украинскиот народ“, објавија италијанските медиуми.

Папата Лав ја нагласи потребата од „запирање на војната и поддршка на секоја иницијатива за дијалог и мир“ и ги замоли верниците да „се приклучат во молитва за мир во Украина и насекаде каде што луѓето страдаат поради војната“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…

Уште една, нова пратка со 900 тони…

„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…

„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…

Одборот за мир – иницијативата предводена од…