Папата побара мир за Украинците и Русите: Тие се браќа, треба да се договорат
Папата Франциск побара мир за украинскиот и рускиот народ.
– Тие се браќа и сродници. Нека се договорат! Војната е секогаш пораз. Мир за целиот свет, рекол папата на крајот од неделната молитва при посетата на Корзика.
Папата повика на мир во Светата земја, односно на палестинските територии, Израел, како и во Либан, Сирија и на целиот Блиски Исток.
Пред да отпатува за Корзика, тој испрати писмо до својот нунциј во Москва, каде го допре прашањето за украинскиот конфликт, кој носи „толку многу страдања“. Тој претходно испратил писмо до својот нунциј во Киев.
Папата пред една и пол година го назначи кардиналот Матео Зупи за свој мировен пратеник за Украина. Во октомври тој беше во втора посета на Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…