Објавено на:

Папата  повика на спречување на шверцерите со мигранти во Средоземното Море

t

Папата Франциск ги повика денеска властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море и изрази жалење за минатонеделниот бродолом со мигранти кај италијанскиот брег во кој загинаа десетици луѓе.

– Го повторувам мојот апел да не се случуваат вакви трагедии повторно. Нека бидат спречени шверцерите со луѓе – рече папата во неговото неделно обраќање до собраните луѓе на плоштадот „Свети Петар“.

Локалните власти соопштија дека досега се извлечени 70 тела по бродоломот кај италијанскиот брег. Мигрантите тргнале од Турција кон Италија, а биле од Авганистан, Пакистан, Иран, Сомалија и Сирија.

Околу 80 мигранти преживеаја откако бродот се распадна и потона во разбрануваното море во близина на одморалиштето Стекато ди Кутро во источна Калабрија. Се проценува дека на бродот имало околу 200 луѓе. Тројца осомничени шверцери со мигранти беа уапсени оваа недела и обвинителите почнаа да го истражуваат начинот на кој службите за итни случаи одговориле на катастрофата, по обвинувањата дека властите бавно реагирале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ватикан: Папата не бара од Украина да…

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…

Папата Франциск до верниците: Заземете ја страната…

Папата повика да се направат сите можни…

Папата  повика на спречување на шверцерите со…

Папата Франциск ги повика денеска властите да…

Додека Шверцери славеле титула, Комити им го…

Бурен навивачки викенд имаше изминатиов викенд во…

Можна средба на Папата и рускиот патријарх…

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско најверојатно…