Објавено на:

Папата порача да ги отвориме вратите за мигрантите: Затворените врати се болни и спротивни на учењето на Исус

t

Папата Франциск денеска во Будимпешта ја предводеше големата миса на отворено, при што ги повика Унгарците да не ги затвораат вратите за мигрантите и за оние кои се „странци или различни од нас“.

Десетици илјади луѓе се собраа на и околу плоштадот, зад зградата на парламентот во Будимпешта, симбол на унгарската престолнина, за да го видат папата за време на последниот ден од неговата посета на земјата, јави Ројтерс.

Папата ја продолжи темата што ја започна на првиот ден од посетата, петокот, кога предупреди на опасноста од будењето на национализмот во Европа, но сè стави во евангелски контекст, велејќи дека затворените врати се болни и спротивни на учење на Исус.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој присуствуваше на мисата, претходно изјави дека нема да дозволи Унгарија да се трансформира во „земја на имигранти“, како другите во Европа, за кои тврди дека станале непрепознатливи за нивниот народ.

Во својата проповед, папата Франциск рече дека ако Унгарците сакаат да го следат Исус, мора да ги избегнуваат затворените врати, растечката изолација и рамнодушноста кон оние кои не се привилегирани и кои страдаат, оние кои се странци, мигранти или сиромашните.

Во денешната проповед, папата Франциск по вторпат употреби религиозен контекст за да ја искаже својата поента, според Ројтерс и потсетува дека во петокот го цитирал она што свети Стефан, основачот на христијанска Унгарија од 11 век, го напишал за пречекот на странците.

Тридневната посета на Унгарија е прво патување на папата Франциск од март, кога беше хоспитализиран поради бронхитис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…

Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…

Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…

Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?

Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…

Шпанскиот премиер свика итен состанок поради бранот…

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе претседава…

Шпански медиуми: Властите идентификувале осомничени џихадисти меѓу…

Шпанските безбедносни служби наводно идентификувале неколку лица…