Папата Франциск го повика Хамас да ги ослободи сите затвореници и изрази загриженост за блокадата на Газа
Папата Франциск денеска ја повика исламистичката група Хамас да ги ослободи сите затвореници земени за време на нападот врз Израел викендот, истовремено изразувајќи сериозна загриженост за „целосната блокада“ што еврејската држава ја воведе на Појасот Газа.
„Се молам за оние семејства чие празнување се претвори во ден на тага и барам заробениците веднаш да бидат ослободени“, рече Папата за време на својата неделна аудиенција.
Во врска со реакцијата на Израел на нападот на Хамас, Папата рече: „Право на оние кои беа нападнати е да се бранат, но јас сум многу вознемирен од целосната блокада во која живеат Палестинците во Газа, каде што има и многу невини жртви“.
„Тероризмот и екстремизмот не помагаат да се реши конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, туку водат само до омраза и суровост. На Блискиот Исток не му е потребна војна“, додаде папата Франциск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…
Филипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена
Венко Филипче им посака успех на студентите…