Папа Лав Четиринаесетти: Војната никогаш не е благословена од Бога
Војната „никогаш не е благословена од Бога“, истакна денеска папата Лав Четиринаесетти на отворањето на состанокот на кардинали од целиот свет, нагласувајќи дека Католичката црква носи пророчка порака за мир во светот опустошен од конфликти.
Папата ги повика кардиналите на дводневниот состанок како одговор на нивното барање да бидат консултирани почесто отколку за време на 12-годишниот понтификат на папата Франциск, кој имаше наклонетост да управува самостојно.
Кардиналите имаат две главни задачи: да го советуваат папата додека е жив и да изберат нов по неговата смрт.
По почетната седница во јануари, позната како конзисториум, американскиот понтиф ги покани кардиналите повторно на втор круг овој викенд. Дневниот ред што го постави за состаноците зад затворени врати вклучува дискусија за моменталната меѓународна ситуација, неговата неодамнешна енциклика за вештачката интелигенција и напорите на црквата да биде поодговорна на потребите на обичните верници.
Дневниот ред првично беше составен за да вклучи и други прашања, вклучувајќи ја и тензијата околу традиционалната литургија на латински, која долго време е извор на поделби во црквата. Сепак, литургијата беше исклучена од дневниот ред, бидејќи прашањето ќе достигне кулминација следната недела, кога одделена група традиционалистички католици ќе ракоположи четири нови епископи во спротивност на волјата на Лав Четиринаесетти.
На отворањето на сесијата, Светиот Отец ги повика кардиналите да го поддржат во неговата служба.
„Ми треба вашата силна, јасна и јавна поддршка. Треба да се чувствувам поддржан од вас како браќа“, истакна папата.
Од кардиналите е побарано да не даваат изјави за медиумите додека се во Рим, а ќе бидат објавени само воведните и завршните зборови на папата.
За време на воведната литургија денеска папата го нагласи тоа што го нарече Божјо дело во одбрана на човечкото достоинство, правдата и владеењето на правото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папа Лав Четиринаесетти: Војната никогаш не е…
Војната „никогаш не е благословена од Бога“,…
Алиу и Љутков без одговор дали остануваат…
Министрите за здравство Азир Алиу и за…
Запалени две возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ
Запалени се две возила кои се во…
Се трага по 77-годишна жена од Орешани,…
Семејството и надлежните институции трагаат по Божа…
Ужас во Калифорнија: 11 кучиња оставени да…
Во Калифорнија е донесена пресуда против тренер…