Паралелни прослави за Охридскиот рамковен договор: На една ќе се обрати Мицкоски, друга организира Меџити, трета ДУИ

t

На две паралелни прослави утре ќе се одбележува 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Едната прослава ја организира вицепремиерот Изет Меџити, дел од владејачката коалиција „Вреди“, и ќе се одржи во Музејот на современа уметност.  Таму ќе се обрати и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Меџити.

Според официјалната покана која стигна од министерството на животна средина и во која како организатор е наведен вицепремиерот Изет Меџити,прославата ќе започне со панел дискусии, а централната прослава ќе биде во Музејот за современа уметност. Свечена седница ќе се одржи и во влада на која ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.

Во петокот, коалицијата Вреди упати покана до ДУИ за учество во државно одбележување на 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор со порака дека ако организираат паралелен настан, дека ќе ги „девалвираат придобивките за Албанците од Охридскиот мировен договор“.

Но, ДУИ ќе организира посебна прослава во скопски хотел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…