Паралелни прослави за Охридскиот рамковен договор: На една ќе се обрати Мицкоски, друга организира Меџити, трета ДУИ
На две паралелни прослави утре ќе се одбележува 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Едната прослава ја организира вицепремиерот Изет Меџити, дел од владејачката коалиција „Вреди“, и ќе се одржи во Музејот на современа уметност. Таму ќе се обрати и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Меџити.
Според официјалната покана која стигна од министерството на животна средина и во која како организатор е наведен вицепремиерот Изет Меџити,прославата ќе започне со панел дискусии, а централната прослава ќе биде во Музејот за современа уметност. Свечена седница ќе се одржи и во влада на која ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.
Во петокот, коалицијата Вреди упати покана до ДУИ за учество во државно одбележување на 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор со порака дека ако организираат паралелен настан, дека ќе ги „девалвираат придобивките за Албанците од Охридскиот мировен договор“.
Но, ДУИ ќе организира посебна прослава во скопски хотел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…
За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…