Парламентарното собрание на Советот на Европа го разгледува барањето на Приштина за членство во Советот
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја продолжува пролетната сесија на која ја разгледува препораката за прием на Косово во Советот на Европа, а за усвојување на предлогот треба да гласаат две третини од присутните пратеници.
Расправата за точката од дневниот ред насловена „Апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа“ на пленарната седница започна околу 17 часот и 30 минути, а извештајот го презентираше известувачот на ПССЕ за прием на Косово, Дора Бакојани.
Конечната одлука за прифаќање на т.н Косово треба да го донесе во Советот на Европа Комитетот на министри на седницата што треба да се одржи од 16 до 17 мај во Стразбур.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…
Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…