Парламентот на Црна Гора ја започна постапката за измена на Уставот
Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови гласаше за започнување на постапката за измена на Уставот, што се однесува на Судскиот и обвинителскиот совет и Централната банка на Црна Гора. 74 пратеници гласаа „за“, додека тројца гласаа „против“.
По одлуката за започнување на постапката за измена на Уставот, за која е потребна поддршка од 54 пратеници, Парламентарниот уставен комитет подготвува нацрт-амандман, за кој потоа повторно ќе се гласа, јавуваат медиумите во Подгорица. По ова ќе следи јавна расправа, која ќе трае најмалку еден месец, и дури потоа ќе се подготви конечниот текст на амандманот, за кој Парламентот повторно ќе одлучува.
Парламентарното мнозинство и опозицијата постигнаа договор за започнување на постапката за усвојување на уставните измени кои се важни за затворање на едно од клучните поглавја во процесот на европска интеграција – Поглавје 23, Судство и фундаментални права.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парламентот на Црна Гора ја започна постапката…
Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови…
Радев: Македонија треба само да ги впише…
Единственото нешто што треба да го направи…
Филков: Обидите да се прикаже законската обврска…
Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си…
Филипче во последно време стана погласен за…
Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го…
Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат…