Парното во Скопје поскапува за 4,51%: На сметка од 1800 денари, зголемувањето е 80 денари

t

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека за најголемиот систем од кој се снабдуваат 57 илјади потрошувачи во градот Скопје, цената на парното се зголемува за 4,51%.

Тоа на сметка од 1000 денари, значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1800 денари колку што е во Скопје, зголемувањето е 80 денари.

-Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување за поставувањето на цевководот под мостот „Беласица“, информира Бислимовски на денешната прес-конференција.

Како што рече првиот човек на РКЕ., со оваа одлука требаше да се врати позајмицата на Владата од 6 милиони евра, дадена во јануари 2022 година.

Бислимовски изрази благодарност до Владата да не се вратат одеднаш 6 милиони евра, туку само 35% .

-Со оваа одлука се водиме, пред се, кон интересите на потрошувачите. Успеавме да одржиме ценовна стабилност во делот на топлинската енергија. Во однос на железарското греење кое го прави ЕСМ Енергетика, цената е незначително намалена, како и во Скопје-Север. Сето ова обезбедува услови за сигурно и стабилно функционирање на системот за топлинска енергија во Скопје, кажа Бислимовски.

Според него, иднината на системот за топлинска енергија во Скопје е поврзување на мрежата и една цена за сите потрошувачи во државата.

Замолувам да се преземат сите мерки за мрежата во Скопје-Север и во Железара да се поврзат со најголемата мрежа, за сите да добиваат иста цена за топлинска енергија. Верувам дека наредната година ќе се случи поврзување на сите мрежи. Тоа е единствен и исправен начин за оптимално функционирање на системот, побара Бислимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…