Партизираноста на судството продолжува со Весна Дамева: Вели дека има интегитет, а била член на партиска комисија на СДС

t

Партизираноста на судството продолжува со Весна Дамева, велат од политичката партија Левица од каде објавија фотографија од Дамева сликана со поранешниот премиер Зоран Заев и партиски активисти на СДСМ.

– По изборот на Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, следеше скандалот со синот на Џафери кој полагал правосуден испит без да исполни услови, за вчера да кулминира со избор на нов претседател на Судскиот совет близок до СДС.

За Весна Дамева, која сама за себе вели дека има “интегритет”, медиумите објавија дека била член на партиската комисија на СДС, а истата е сликана со поранешниот премиер, Зоран Заев. Дамева никогаш не била судија, туку само стручен соработник на омилената судија на режимот, Добрила Кацарска во Основниот кривичен суд Скопје.

Весна Дамева, која нема ден судиско искуство, ќе одлучува за изборот на судии, дисциплински постапки на судии и ќе разрешува судии. Со изборот на Дамева за претседателка на Судскиот совет, судиите ќе одговараат пред стручен соработник, што е деградирачко за судии со долгогодишно судиско искуство.

За потсетување, во 2019 година, Дамева заедно со нејзината претходничка на претседателската функција во Судскиот совет – Црвенковска, се предложени од Stevo Pendarovski за членови на Судскиот совет.

Откако Црвенковска изјави дека не е подобна за ,,судските бизнис елити”, Дамева побрза да се кандидира и да го преземе претседателството со Судскиот совет, за да ја продолжи партиско – коруптивната агенда на СДС и ДУИ, која го разорува и целосно го има заробено правосудството во Македонија.

Нема да биде изненадување кога ваков претседател на Судскиот совет ќе си го оркестрира за неколку месеци изборот на веќе скандалозните кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партизираноста на судството продолжува со Весна Дамева:…

Партизираноста на судството продолжува со Весна Дамева,…

Апасиев пак со пцовки кон Владата: Не…

Не јебат ни Устав, ни закон! ДВОЈАЗИЧНИ…