ГРОМ: Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата поставувајќи на таа престижна функција полтрони и партиски послушници

t

Политувани,
во прилог ви го испраќаме соопштението за јавноста и медиумите откако Државната Изборна Комисија ги додели броевите со кои ќе настапат претседателските кандидати на претстојните избори 2024 година.

Цениме доколку вие и вашиот медиум го пренесете нашето соопштение.

Досега политичките партии беа фокусирани на личните, бизнис и партиските интереси, додека Македонија и македонските национални интереси секогаш беа на последно место.

Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата поставувајќи на таа престижна функција полтрони и партиски послушници кои строго ја следеа партиската директива заборавајќи ги националните интереси и интересите на граѓаните.

Овие партии тргуваа со светото, менуваа и преговараа за име, знаме, историја, иденитет и јазик само за да дојдат и да се одржат на власт, да ги задржат своите фотељи газејќи по македонското национало достоинство.

Република Македонија заслужуваа претседател како Стевче Јакимовски кој ќе ја стави Македонија на прво место. На Македонија и е потребен претседател чиј збор вреди, човек кој не дава да се гази по достоинството на неговиот народ, човек кој целата своја полтичка кариера ја поминал служејќи и на оваа држава и на македонскиот народ.

На Македонија и е потребен човек кој нема страв, кој има идеја и кој е подготвен да води, на Република Македонија и е потребен човек како Стевче Јакимовски.

Доста беше од лажни промени, и лажен избор пресликан во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, време е за трета опција, време е за Граѓанска Опција за Македонија. Заокружи го бројот три и Стевче Јакимовски, ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА!

Со почит
Центар за комуникации ГРОМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема Влада без Бугари во Устав! Касами:…

Имаме програма која ќе биде дел од…

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Главното прашање на овие избори е европската…

Главното прашање на овие избори е европската…

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…

Оливер Андонов: Шизофренија

Шизофренијата е сериозна ментална болест, но како…