“Партиски ботови” го злоупотребувале Фејсбук профилот на претседателката на ДКСК: Ивановска децидна, никој нема да влијае на постапките!

t

Приватниот профил на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска на „Фејсбук“ е злоупотребен, информираа денеска од ДКСК.

– Во интерес на вистината ја информираме јавноста дека приватниот профил на социјалната мрежа Facebook на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е злоупотребен. Одредени лица за нив познати цели злоупотребуваат семејни фотографии на Ивановска и со фотомонтажа се обидуваат да создадат невистинита слика во јавноста. Против нив Ивановска ќе поведе приватна постапка, имајќи предвид дека се работи за приватен профил.

Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интересите, ќе продолжи да работи согласно своите надлежности и да постапува по ист принцип кон сите предмети. Ги повикуваме сите релевантни чинители во општеството да дадат свој придонес кон борбата против корупцијата и судирот на интереси бидејќи само со заеднички залагања можеме да имаме резултат, велат од ДКСК.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска за Инфомакс вели дека и покрај ваквите злоупотреби и притисоци никој нема да може да влијае на постапките кои ги води ДКСК.

Според неа станува збор за таканаречени партиски “ботови” но не сака да коментира од која партија ниту дали функционери се обиделе да влијаат на постапките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…

Повторно падна Фејсбук…

Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

Првични информации: Зошто падна Фејсбук?

Оштетени подморски кабли во Црвеното море се…