Партијата помила од слободата: Пратеничка на СДСМ прави кривично дело со туркањето на Законот за Акдемијата за судии и јавни обвинители

t

Од ВМРО-ДПМНЕ рагираат дека пратеничката Соња Мираковска направила кривично дело со насилниот обид да се протурка Предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Еве што велат од партијата:

“Почитувани,

Вчера, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се наоѓа Законот за Академија за судии и јавни обвинители, без никакво гласање, со груба повреда на Деловникот, претседателката Соња Мираковска констатира дека завршил прв ден од трите дена предвидени за расправа по овој закон.

Како може да заврши нешто што не е започнало?

Се работи за предлог закон со европско знаменце, кој е надвор од процедурите на она што е потреба за усогласување со европската регулатива. Ова е закон кој има за цел да ја онеспособи опозицијата и да ја ограничи расправата во три дена.

Во текот на вчерашниот ден зборувавме за процедурата. Имено, укажавме дека овој закон е многу важен за Академијата за судии и јавни обвинители и не смее да биде донесен во скратена постапка на ексклузивен начин, туку напротив, инклузивно да се вклучат сите засегнати и оние од експертската јавност и оние од невладиниот сектор за да дојдеме до подобри решенија оти ние само ги менуваме законите вклучувајќи го и овој.

Досега три закони имало и тоа не се менуваат туку се носи нов закон и повторно се соочуваме со истите проблеми. Затоа мислевме дека низ дебата ќе дојдеме до подобри решенија ама некој бега од дебата. Ние само сакавме да кажеме дека ниту еден услов од Деловникот за европско знаме и за скратена постапка не е исполнет.

Како може некој да смета дека без гласање, може да се констатира дека е усвоен дневниот ред за комисијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво злосторничко здружување и најмалку ќе дозволи македонското Собрание да стане арена за проток на сите нивни режимски и хибридни идеи кои имаат за цел сместување на послушници, приврзаници и свои роднини во судските и обвинителски функции.

Сакаме да додадеме дека од страна на претседателката Соња Мираковска вчера беше извршено кривично дело според Кривичниот законик, член 353 кое што укажува на злоупотреба на службена должност и овластување.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ