Патот Македонски Брод-Скопје останува затворен поради пожарот во НП „Јасен“
Поради пожарот во Националниот парк Јасен кој е сè уште активен, регионалниот пат Македонски Брод – Скопје останува затворен за секаков вид на возила, соопштија од АМСМ и додадоа дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Оттаму додадоа дека има зголемен интензитет на сообраќајот по автопатите, каде се бележи зголемена фреквенција на возила.
На граничниот премин Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат возачите да возат внимателно со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата на местата каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…