Објавено на:

Патриоти, но пред се чесни кадри: Десната рака на Курти со 500 евра плата живее во вила од 300.000

t

Дилерот на дрога Бесник Мујечи, кој со автобус испраќаше дрога од Приштина до Тирана, неодамна беше назначен за член на управата на компанијата „Автобуска станица“.

На таа функција е поставен токму на предлог на партијата на Аљбин Курти. Тој очигледно ги користел своите врски во оваа компанија за непречен транспорт на екстази што дилерите ги продавале во Тирана и Драч.

Мујеци пријавил како недвижен имот семејна куќа од 250 метри квадратни во вредност од 300.000 евра и стан од 30 метри квадратни од 20.000 евра, кој е на неговата сопруга. Платата на Мујеци во Собранието на општина Приштина и во општина Приштина е вкупно 518 евра. Додека платата на неговата сопруга е 500 евра.

Членот на движењето „Самоопределување“, Бесник Мујечи, беше уапсен во Албанија заедно со уште четири лица под сомнение дека се вмешани во шверц на дрога, нема да биде екстрадиран на Косово, јавуваат Репортери.

Исто така, властите во Албанија ќе побараат од косовските власти дополнителни информации за Мујечи и Михат Рамадани, кој исто така е уапсен и е државјанин на Косово.

Според податоците на државната полиција на Албанија, текот на туристичката сезона летово бил искористен и за шверц на дрога од Косово во Албанија. Беше кажано дека дрога се транспортира и на автобуските линии Приштина-Тирана.

Државната полиција соопшти дека по пристигнувањето во Тирана со автобус, дрогата била пренесена во изнајмени автомобили.

Како што претходно беше наведено на официјалниот Фејсбук профил на албанската полиција, Митхат Рамадани (30) и Бесник Мујечи (40), двајцата од Приштина и Калем Пицари (24), Амбра Мифтари (28) и Данијел Авдија (26) се уапсени во текот на операцијата во Тирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…