Патријархот Порфириј објави: Соборот на СПЦ прифаќа и признава автокефалност на МПЦ-ОА
Поглаварот на СПЦ нагласи дека сега ќе следи разработување на сите техничко-организациски детали за свеченото прогласување на официјалниот акт на автокефалност, а потоа за истото ќе бидат известени и сите помесни цркви
Српскиот патријарх Порфириј од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на Српската православна црква (СПЦ) ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)
„Сега браќа и сестри кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архирејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот на нашата црква благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност. Браќа и сестри во исто време, Светиот собор на нашата црква се става на должност на Синодот, заедно и во соработка со Архиепископот Стефан и неговиот Синод да ги разработат сите техничко-организациските детали и ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, а потоа сите помесни православни цркви ќе бидат известени и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА“, рече патријархот Порфириј.
Сигурни сме, рече тој, дека и сите други православни цркви ќе ја дочекаат оваа вест и дека ќе се радуваат.
Радосната вест тој ја објави по сослужувањето на заедничка литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.
Соопштувањето на одлуката на Соборот на СПЦ беше проследена со долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инвеститорите губат интерес за грчките „златни визи“…
Речиси половина од важечките дозволи за престој…
Словачка предлага забрана за социјални медиуми за…
Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би…
Насилник од Дебарско ја заклучил сопругата дома…
Жена од село во општината Маврово и…
Симов: „Да бидеш против дата центар е…
Не стивнува прашината која се крена за…
Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…
Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…