Пациентите не смеат да трпат: Сали против штрајкот на матичните лекари

t

Не го поддржува најавениот штрајк на матичните лекари од 5 до 7 септември, вели министерот за здравство Беким Сали бидејќи, како што вели не може преку пациенти да се бојкотира работа и да се даваат повици за масовно земање упати и терапии.

– Од самиот почеток кога пристапив во функцијата, првиот состанок го одржав со матичните лекари, бидејќи сметам дека се многу важен столб во здравствениот систем. Комуникацијата со нив е во континуитет, се среќаваме за различни теми, како што е Ковид, но и реформа во примарната здравствена заштита, изјави денеска министерот одговарајќи на прашање на денешниот настан во ГОБ „8 Септември“.

Според Сали, незадоволствата треба да се решаваат на маса со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани.

– Ние во изминатиот период од шест месеци веќе дискутираме. Не можеме да направиме промена во систем во период од месец дена или два, или пак, под притисок знаејќи дека во изминатиот период ние постојано дискутиравме, повеќе точки се предложени на Влада, дадени се насоки, тоа се процедури исто како што имаме забелешки за јавните набавки исто и за измените кои треба да се направат во систем за справување со примарната здравствена заштита. Се бара време, тоа е единствената работа што сум ја побарал од матичните лекари, но за жал нема слух. За жал ние ќе продолжиме со нашата интензивна работа околу промените во примарната здравствена заштита. Моите колеги за жал ќе продолжат со бојкотирање, а пациентите се тие што трпат, изјави Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…