Пациентите со механичка подршка на срце излажани: Заев и Филипче им ветиле дека од 1 јануари нема да плаќаат партиципација за лекување – сè уште чекаат

t

Пациентите со механичка поддршка на срце повторно бараат од Министерството за здравство ослободување од партиципација за лекарските прегледи, потврди претседателот на националното здружение „Храбро срце“ Васко Јолески.

Тој посочи дека пред неколку месеци добиле ветување од претходниот министер за здравство Венко Филипче и тогашниот премиер Зоран Заев, дека од 1 јануари годинава, нема да плаќаат партиципација, но ветувањето сеуште не е исполнето.

– Здружението на граѓани со механичка потпора на срце упати барање преку Владата, за ослободување од партиципација за лекарските прегледи на пациентите со механичка потпора. Ние сме пациенти, кои имаат пумпа, која му помага на срцето да испумпа доволно крв за да можеме да преживееме до оној момент додека се најде трајно решение, односно до трансплантација или има шанса да заздрави сопственото срце, појасни Јолески.

Министерството за здравство е запознаено со иницијативата, но сеуште не се знае кога точно таа ќе влезе во програмата.

– Запознаени сме со иницијативата за ослободување од партиципација на пациентите со механичка поддршка на срце и се очекува да влезе во програмата, но засега не се знае кога тоа ќе се случи, соопшти Министерството за здравство.

Трошоците за лекување на пациентите со механичка потпора на срце, според претседателот на здружението „Храбро срце“, се превисоки и поради тоа бараат ослободување од партиципацијата за лекување.

– Трошоците се преголеми дури и за оние, кои се добро ситуирани, а во нашето Здружение ниту еден не е така добро ситуиран да може да ги поднесе тие трошоци. Не сме многу пациенти, на ниво на држава сме околу 15. Таа е бројката години наназад, согласно морталитетот и новооперираните, бидејќи се работи за една поспецифична болест, која што во нашата држава е релативно нова. Тие операции и зафати се прават неколку години. Исто така немаме ниту посебна шифра на болест вметната во нашиот здравствен систем па секое едно наше барање се поистоветува со барањето на пациентите со срцева слабост, нагласи Јолески.

Националното здружение „Храбро срце” информира дека барањето за ослободување од партиципација го испратиле и до новиот ресорен министер и премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…