Пациенти и нивни семејства сведочат за посветеноста на неврохирургот Филипче: „За нас тој е спасител„

t

Голем број на пациенти и нивните семејства коишто се соочиле со предизвикот некој нивен близок да заврши во болница, сведочат за посветеноста и професионалноста на познатиот неврохирург Венко Филипче за спасување на секој човечки живот.

Овие искуства можат да се прочитаат на Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ каде што се споделуваат личните приказни на голем број граѓани кои биле оперирани од Филипче и кои изразуваат огромна благодарност и почит за неговата работа.

Професионалност, посветеност, стручност се само дел од зборовите со кои граѓаните ја опишуваат неговата работа, често во детали споделувајќи како се одвивала и болеста, но и операцијата што им го спасила животот, ним или на нивните блиски.

Таква е и објавата на Каролина Живковиќ Калеовска која во групата споделува дека во нивното семејство Венко Филипче е спасител.

„Снаата ми е самохрана мајка на една прекрасна принцеза. Внуката имаше 4 месеци кога она од тага за сопругот (мојот син) доби мозочен удар. Во таа прилика викнавме брза помош и во моментот се сетив да му ѕвонам на тогаш министер Др. Филипче, оти нè знаеше по случајот за син ми“, пишува Живковиќ Калеовска.

Таа објаснува како Филипче, во сред ноќ собрал екипа на доктори со кои веднаш ја оперирале и ја спасиле нејзината снаа.

„Доживотно сум му благодарна“, вели Живковиќ Калеовска во својата објава која се споделува и од други членови на групата.

Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ има повеќе од 25 илјади членови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациенти и нивни семејства сведочат за посветеноста…

Голем број на пациенти и нивните семејства…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…

(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…

(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…

Венко Филипче министерот за здравство во заминување…