Пациентка тврди: Аптекар на Онкологија ја уценил за терапија – „Во мои раце си, пази што правиш“
Ме уцени со зборовите „Во мои раце си, пази што правиш“. А јас тоа го сфатив како закана по мојот живот.
Вака пациентката на Клиниката за онкологија Минка Беизоска раскажува за трговијата со скапите биолошки терапии која претставувала лукративен бизнис за дел од вработените. Аптекарот од болницата ѝ барал пари секој пат кога ќе требало да прими биолошка терапија „Гејтруда“. Докторите, сестрите и аптекарот ѝ велеле дека „на лекот нема нејзино име и презиме“ затоа што „го криеле за неа“, вели таа во разговор за Слободен печат.
-Зошто да ја кријат за мене терапијата, која сум јас? Зошто да му давам пари за терапија што државата ми ја плаќа мене?, прашува Беизоска.
После неколкукратно плаќање на терапијата „Гејтруда“ која инаку пациентката требало да ја добие бесплатно, таа случајот го пријави во полиција и аптекарот беше приведен за поткуп. Но, дали тој бил единствениот што бил вклучен или пак се работело за синџир?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…