Пациент кој плаќа данок и пациент од соседна држава не можат да бидат еднакви
Бурни реакции во јавноста откако министерот за здравство Фатмир Меџити донесе одлука за регулирање на цените на здравствените услуги во Македонија, како за македонските државјани, така и за граѓаните од Косово и Албанија.
Меџити посочи дека целта е граѓаните на овие земји да плаќаат исто колку и македонските државјани, пренесе вчера ТВ 21, а во јавноста се крена „бунт“ затоа што Косоварите не плаќаат даноци во земјава, додека здравството е преоптоварено и со домашни пациенти кои со месеци чекаат термини и терапии.
Еве дел од реакциите:
– Го разбирам тој патриотскиот момент за собирање на политички поени, но вакво нешто е нефер. Пациент, кој плаќа данок и пациент од соседна држава не можат да бидат еднакви. Министерот во неговата приватна амбуланта може бесплатно да им дава услуги ако сака, но јавното здравство е она што го плаќаме ние.
-Затоа ќе чекаме за преглед кај специјалист по пет шес месеци пошто нема термини и сакал неќел на приватно.
– Косовските и албанските граѓани каде ги уплатуваат своите придонеси за здравство, кој е нивниот допринос за изградба на Македонските здраствени институции, за да плаќаат исти цени како и Македонските граѓани…
– Дали од средствата издвоени од наши средства за државно здравство ќе се лекуваат странски државјани (не е битно од каде)? Има ваков модел некаде во светот?
-Ова е Апсурдно! Зошто тогаш ние плаќаме здравствено осигурување? Секој вработен во Македонија, на плата имаме одбиток…Тие не се ММ државјани, немаат исти обврски, од типот на: здравствено, даноци и слично, а тоа значи дека и не треба да имаат исти бенефити како нас!
– А да одиш на Косово да бидеш министер.За сите странци законот е ист, ќе плаќаат како и до сега двојно повеќе зошто нивниот придонес за здравство не оди во нашата каса, а отвори твоја болница и давај услуги дури и без пари.
– Немате пари за трикафта, ќе лекувате државјани на други земји кои не плаќаат данок ни здравствено во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…
Савески со апел до граѓаните: Не молчете…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…
Од понеделник ќе работи и експозитурата на…
Во насока на проширување на достапноста на…
Андреј Лазаров ќе живее вечно: Промовирана книга…
Споменот за Андреј Лазаров доби уште едно…
Папата се сретна со жртви на злоставување…
Во Лима, папата Лав се сретна со…