Објавено на:

Паѓа Владата: Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки

t

Државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос вечерва подесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Од кабинетот на грчкиот премиер кусо соопштија дека Мицотакис им се заблагодарил за соработката и ги прифатил оставките.

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Оставките на Папаставру и Братакос доаѓаат откако дел од грчките медиуми објавија дека двајцата министри се сретнале со бизнисменот Вангелис Маринакис, кој меѓу другото е сопственик и на групацијата чиј дел е весникот „То вима“ што во неделата го објави текстот за монтираните аудиозаписи по железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец нападнал двајца вработени во ЕВН —…

Полицијата вчера уапсила 47-годишен насилник од Скопје…

Започнува историското судење против „Мета“ за создавање…

Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

(ВО ЖИВО) Историска вселенска прошетка од Меѓународната…

Во тек е вселенска прошетка надвор од…

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…