Објавено на:

Па нели Македонци ги праќаа? И во Бугарија уапсени деца за лажните дојави за бомби

t

Бугарската полиција приведе уленик под сомнение дека пријавил закани со бомби во училиштата, објави bTV. Тој има 16 години и е од Пловдив, а приведен е заедно со негов пријател со кој испраќале мејлови до образовните институции во Пловдив, Софија, Бургас и Јамбол.

Полицијата побарала податоци од англиска компанија од чии сервери е испратена заканувачката е-пошта. Утврдено е дека поштенското сандаче е креирано неколку часа пред испраќањето на е-поштата.

Домот во кој живее тинејџерот е во населбата „Източен“ во Пловдив и во моментов се претресува.

Вчера е приведен и 17-годишен ученик од Софија, за кој исто така било утврдено дека испратил дел од заканувачките мејлови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…