Објавено на:

Пекол во најава: Русите ја менуваат тактиката во Бахмут

t

Руските сили во Бахмут успеаја да ја прилагодат својата тактика на урбаните услови на војување. Тие се во голема мера поддржани од масовната употреба на беспилотни летала, кои се користат не само за извидување, туку и за малтретирање на непријателот. Како што направија Украинците во поголемиот дел од изминатата година, Русите сега користат беспилотни летала за да фрлаат гранати во непријателските ровови и извиднички пунктови. Само ветровитите денови носат одмор бидејќи дроновите немаат сила да летаат против воздушните струи. Нивните батерии се трошат или ветерот ги носи.

Украинските сили на фронтот пријавиле до командата во Киев дека Русите ја смениле тактиката. Сега напаѓаат во помали групи. Првата група што стапила во контакт со непријателот се обидува да го врзе за таа позиција. Во исто време, други, помали групи ќе се обидат да ги опкружат украинските позиции од крилата. Единствениот начин Украинците да се спасат во тие ситуации е да се повлечат.

Промената на руската тактика ја донесоа единиците на групата „Вагнер“. Украинците велат дека „вагнерите“ брзо учат и уште побрзо се прилагодуваат. Тоа се одрази на намалување на жртвите, кои двете страни ги кријат. Русите на почетокот на неделава објавија дека неутрализирале 220 украински војници кај Бахмут. Украина тврди дека на секој убиен нејзин војник Русите губат седум.

Двете страни спасуваат оклопни механизирани единици. Ќе им требаат напролет, кога двете страни очекуваат непријателска офанзива. Покрај тоа, високите температури ја претворија земјата во каллив хаос во кој се заглавуваат дури и тенкови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…