Објавено на:

Пекол на земјата: Бројот на загинати во Газа надмина 18.000 луѓе

t

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека 18.205 лица се убиени во израелските бомбардирања на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас на 7 октомври.

„Владата на Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, проценува дека се повредени 49.645 луѓе“, изјави портпаролот на министерството Ашраф ал Кидра.

Претходните извештаи наведуваа дека повеќето од жртвите во Газа се жени и деца.

Околу 1.300 луѓе загинаа на израелска страна, од кои повеќето цивили, за време на нападот на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на првиот ден од војната, кога околу 240 заложници беа однесени во Газа.

Повеќе од 100 заложници беа ослободени за време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, во замена за жени и малолетници од израелските затвори.

Израел вели дека Хамас сè уште држи 117 заложници и посмртните останки на 20 луѓе кои починале во заробеништво или биле убиени во првичните напади.

Меѓу израелските жртви има 104 војници кои загинаа од почетокот на копнената офанзива во Газа на 27 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…

Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…

И Германија го повика Иран да разговара…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…

Од македонската амбасада во Израел информираат дека…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…