Пендаровски абер нема од свикување Совет за безбедност во врска со состојбата на Косово

t

Двете армии на Република Србија и Косово ги ставија своите армии во состојба на највисока готовност во ситуација во која ескалираат тензиите на северот на Косово помеѓу локалното српско население и косовската полиција.

Веќе 18-ти ден српското население е на барикадите на северот на Косово откако неколку етнички Срби беа уапсени од косовската полиција и со денови се држат во притвор без никаква информација за нивната состојба.

Инфомакс побара одговор од претседателот на Република Македонија во врска со случувањата на северната граница на Македонија и дали е во план свикување на Советот за национална безбедност поради нарушената безбедносна состојба на Балканот.

-Во врска со вашето прашање ве информираме дека претседателот Пендаровски смета дека засега нема потреба од свикување на седница на Советот за национална безбедност.

Претседателот и другите надлежни институции се во постојана координација со земјите- членки на НАТО, како и со мисијата КФОР во која партиципираат и војници на македонската армија, велат од кабинетот на претседателот.

Владата на Република Македонија, во октомври 2020 година, донесе Одлука за испраќање на 44 (2-штабни офицери во Главната команда на КФОР во Приштина, 1 штабен подофицер и 1 вод за обезбедување во Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ) припадници на Армијата на Република Македонија за учество во НАТО операцијата “КФОР” во Република Косово.

Првиот контингент со македонски мировници во НАТО операцијата “КФОР” во Република Косово се упати на 01.11.2020 година. Контингентот е распореден во рамки на италијанскиот контингент.

Од април 2021 година придонесот во НАТО операцијата “КФОР” е зголемен за 21 припадник или вкупно 65 припадника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…