Пендаровски во Полска ќе го добие највисокото одликување Орден на Белиот Орел
Претседателот Стево Пендаровски, на покана на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, на 24 и 25 октомври ќе престојува во официјална посета на Република Полска.
Во понеделник, 24 октомври 2022 година, во Варшава, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Република Полска.
Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на тркалезна маса со претставници на полските комори и бизниси, како и македонски претставници од бизнис секторот, настан во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.
Во рамки на официјалната посета е предвидено претседателот Дуда да го одликува претседателот Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот Дуда со Орден „8 Септември“, како симбол на партнерството и пријателството меѓу двете држави.
За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе положи венец на Гробот на незнајниот војник.
Во вторник, 25 октомври, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин, Варшава.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари и средба со истакнати македонисти и слависти во Полска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…