Објавено на:

Пендаровски во работна посета на Белгија

t

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 23 мај 2023 година, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе има аудиенција кај Кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос.

Во состав на официјалната делегација предводена од претседателот Пендаровски се министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Во рамки на работната посета на Белгија, претседателот ќе се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои ќе бидат презентирани економските потенцијали и инвестициските можности во Македонија, во соработка со Стопанска комора Антверпен Васланд (VOKA), Агенцијата за извоз и странски инвестиции на Валонија (AWEX), Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (FIT) и Бриселската агенција за поддршка на бизнисот, ХАБ Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: Ќе бараме зголемување на минималната плата…

ССМ ќе побара враќање на трошоците за…

Македонските државјани во Србија гласаат на Претседателските…

Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на…

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во…

Интегрален текст од соопштение за јавност на…

Со право на глас на овие избори…

Со право на глас на овие избори…