Пендаровски го прими малиот генијалец Македон Димитриевски!
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција.
Во разговорот со Македон, претседателот беше запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина.
Тој истакна дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој.
-Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата. Неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција. Надарените и талентирани ученици имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици – рече Пендаровски.
Претседателот му честиташе на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4.000 учесници од 22 земји од светот, и му посака уште многу успеси во иднина.
Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…