Пендаровски до Стојаноска: ВМРО–ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести има и кратка меморија

t

ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија. И тоа е добро бидејќи докажуваат дека многу бргу забораваат и што им ветуваат на граѓаните. И како што вели една поговорка, пред вистината и Боговите молчат, велат од изборниот штаб на претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски како реакција на вчерашната изјава на пратеничката Дафина Стојаноска.

Од тимот на Пендаровски објаснуваат дека претседателот во својство на актуелен претседател на државата бил во Тетово уште следниот ден по трагичниот настан на 8 септември 2021 година, кога изгоре модуларната болница.

-Од таму, тој на 9 септември изрази солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повика на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани. Изјавата на Пендаровски дадена во Тетово, до ден денеска може да се најде на јутјуб каналот.

Малиот генијалец Македон Димитровски од Стево Пендаровски, како актуелен претседател, доби признание „Млад Талент” и парична награда. Иако во категоријата „Млад талент”, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија, стои во реакцијата.

Оттаму ги советуваат Дафина Стојаноска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „следниот пат кога без аргументи ќе се обидат да ја лажат јавноста, да потрошат барем пет минути и на интернет да пребараат за што се заложил и кому помогнал Пендаровски како актуелен претседател“.

Стојаноска вчера од Тетово упати две прашања до шефот на државата.

-Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани? Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде? Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас. За разлика од него, неговата противкандидатка профеорката Гордана Силјановска Давкова е жена која има став и жена чиј глас со будно внимание се слуша насекаде низ светот, беше наведено меѓу другото во реакцијата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…