Пендаровски е во посета на Белгија: Ќе се сретне со кралот Филип

t

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Белгија денеска во Брисел ќе има средби со премиерот Александар Де Кро и со кралот Филип.

Посетата ќе ја заокружи со посета на на белгискиот Сенат каде ќе се сретне со претседателката Стефани Д‘Ос, а претходно ќе има средба и со претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент Елијан Тилјие.

Пендаровски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски денеска ќе присуствува и на бизнис форум на кој пред белгиски компании ќе бидат презентирани можностите за инвестирање.

Пендаровски заедно со Бектеши и Деспотовски вчера се обрати и на бизнис форум во Антверпен на кој истакна дека Белгија е важен политички и економски партнер на Македонија и една од првите држави која ги согледала можностите за инвестирање во Македонија. Нагласи дека меѓу постои воспоставена мрежа на контакти меѓу бизнисите и соодветните институции, авио-линија меѓу Скопје и Брисел и дека во Белгија живее и работи македонска дијаспора, која може да биде клучна за поврзување на луѓето од двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…

Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе…

Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…