Пендаровски за бугарските клубови низ Македонија: Не извлековме поука, потребна е промена за Законот за здруженија и фондации

t

По Ванчо Михајлов во Битола, Цар Борис III во Охрид и Богданци ќе добие бугарски културен центар.

На ова со став се јави и претседателот Стево Пендаровски кој вели дека за жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не сме извлекле поука.

„Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој на недвосмислен начин правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности. За таа цел потребно е да се определи надлежна институција која ќе дава задолжителна согласност во постапката за регистрација, со претходна изработка на регистар на историски личности кои недвосмислено биле асоцирани со расистички идеологии, а не, како до сега, преку согласност на нивен роднина или наследник да може да се регистрира здружение со име на личност што неспорно ги повредува чувствата на дел од македонските граѓани“, порача Пендаровски.

Според него, потребно е да се нагласи дека и во постојните прописи и покрај правните празнини и недоречености, постојат правни можности за реакција на институциите и тие треба да дејствуваат во таа насока без да си ја префрлаат одговорноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…