Пендаровски “за Илинден”: Да не ја пропуштиме оваа шанса за интеграција во ЕУ

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката испрати честитика до граѓаните во која порача дека младите се клучни за каква било општествена трансформација, од народни востанија и револуции, па сè до креирање политики и спроведување реформи.

-Водени од прогресивни идеи за политичка слобода и социјална правда, младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена. Младите први се кренаа во борба против фашизмот и станаа најборбеното јадро на народноослободителната војска. Самиот АСНОМ, пред сè, беше заседание на младите. Ние денес имаме слободна македонска држава, благодарение на младите од илинденската и од антифашистичката генерација.
Но, за да ги мотивираме младите да останат и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, мора со европски реформи да ја градиме нашата држава како праведна и прогресивна република во која македонските граѓани ќе имаат пристоен живот, добро образование, квалитетно здравство, ефикасен правен систем што ќе ги искоренува криминалот, корупцијата и непотизмот. Токму европската интеграција ќе ни помогне да го оствариме овој витален национален интерес. Затоа, мора без одлагање да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите и да престанеме да им го трошиме времето на младите. Бидејќи, ако ја пропуштиме и оваа шанса, ќе го изгубиме виталниот дел од македонското општество, вели Пендаровски.

Тој додава дека тешко е да се стекне слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

ЕКСКЛУЗИВНО: ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА УТРОВО ВО…

Вооружен грабеж се случил денеска претпладне во…