Пендаровски: Илинка Митрева даде голем придонес за европските и евроатланските интеграции на нашата држава

t

Илинка Митрева даде свој автентичен печат на македонската внатрешна и надворешна политика, со што се вгради во современата македонска држава, напиша на Фејсбук претседателот на државата, Стево Пендаровски, по повод смртта на поранешната шефица на дипломатијата и пратеничка Илинка Митрева.

– Како долгогодишен пратеник во Собранието, претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, шеф на македонската собраниска група за соработка со Европскиот Парламент и особено како министер за надворешни работи, Митрева даде голем придонес кон европските и евроатлантските интеграции на нашата држава, истакна претседателот.

Нема зборови што ќе ја надоместат големата загуба за семејството и пријателите, додава Пендаровски во објавата, верувам дека нејзиното дело ќе продолжи да живее во спомените на македонските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…