Пендаровски и Вучиќ разговарале за “братските односи меѓу Македонија и Србија”
Претседателите на Македонија и Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ во Давос разговарале за развојот на односите меѓу двете земји, иницијативата Отворен Балкан и одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква.
По средбата на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Пендаровски информира дека накратко се сретнал со Вучиќ и ја поздравил одлуката на СПЦ за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) како „чекор во вистинска насока“.
-На кратката средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА како чекор во вистинската насока, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Вучиќ на Инстаграм го изрази своето задоволство од средбата со Пендаровски.
„Драго ми е што се видовме и имавме можност да разговараме за иницијативата Отворен Балкан и понатамошниот развој на братските односи меѓу Србија и Северна Македонија“, напиша српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…