Пендаровски и сопругата до Мило Ѓукановиќ на погребната служба за кралицата Елизабета

t

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора.

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот накралицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија ги подготвува граѓаните за најлошото

Британската влада започна со изработка на нов…

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во…

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар…

Синдикалната кошница порасна на 69.432 денари –…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…