Пендаровски: Македонските Бугари го избраа погрешниот пат

t

Македонските Бугари не разбираат од самиот почеток, иако беа примени и од мене и од други државни авторитети, дека и според билатералниот договор со Бугарија и според сите меѓународни норми, државјаните на Република Македонија треба своите права да ги бараат овде во македонските институции, се разбира ако мислат дека им се загрозени, вели претседателот Стево Пендаровски.

– За жал, тие тргнаа по обратен пат и мислам дека го избраа погрешниот пат, што не значи дека македонските институции нема да ги штитат нивните права. Го губат времето зборувајќи со европски институции па и со Судот во Стразбур, а пред тоа да не побарале помош од институциите во Скопшје, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со унгарската претседателка Новак, одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу барањата на македонските Бугари по настаните на 4 февруари Македонија да биде казнета.

Претседателот оценки дека односите со Бугарија во последно време се влошуваат, откако имавме извесно смирување по прифаќањето на преговарачката рамка лани.

– За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите, кои, според мене, беа непотребни. За 4 февруари ние како држава 100-процентно го положивме испитот и покажавме како треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да оддадат почит на големиот револуционер, а притоа да се изолираат сите оние кои доаѓаат со лоша намера. Оние кои скаат да ја нападнат полицијата, се разбира заработија прекршочна пријава и депортација. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин, изјави Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството побара во Турција да му земат…

Јавното обвинителство Скопје побарало од турските власти…

Дваесет украдени икони од македонските цркви, од…

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви,…

Уредничката на омилениот весник на Путин пронајдена…

Заменик-главниот уредник на весникот „Комсомолскаја правда“ ненадејно…

(Видео) Заплачи моја Македонија, песна што ќе…

Младиот и надежен фолк пејач Благојче Тодоровски…

Орбан: Украина се уште не ги исполнила…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна на…