Пендаровски: Му верувам на Мицкоски за една работа, нема ЕУ, Бугари во Устав, а ни алтернатива
Албанците и Бугарите се главна тема на изборите, бидејќи нема понуда, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски.
– Во врска со внесување на Бугарите во Уставот јас му верувам на Мицкоски само по тоа прашање, обично ставот го менува за неколку саати, но за ова верувам дека нема да ги внесе Бугарите во Уставот. Нели тоа беше темата и на тоа ги доби изборите, деалбанизација и нема Бугари во Устав и сега треба да ги внесе Бугарите во Устав и да ги земе ДУИ во Влада? Дај Боже да грешам, ама мислам дека не, објасни Пендаровски.
Ако долго време сме далеку од ЕУ, Албанците нема вечно да чекаат. И ДУИ чекаше 8-9 години во Влада, ама излегоа кога добија прашање што бараат во Влада која реално не е евро-атланска, смета Пендаровски.
– Треба да се направи секој можен обид да се прошири гласачката база на опозицијата, особено на СДСМ и мора да помине време. Падот на СДСМ на претходните избори беше страшен, по мене успех е да се консолидираат во параметрите од лани. Периодот после локалните тие мора да се посветат во билдање на партиската инфраструктура, вели поранешниот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…