Пендаровски на први октомври оди во Софија “без страв од бугаризација”
На први октомври, еден ден пред парламентарните избори во Бугарија, претседателот Стево Пендаровски заедно со претседатели од регионот и пошироко во Софија ќе учествува на состанокот по повод пуштањето во употреба на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција.
Пендаровски во Софија заминува на покана од бугарскиот претседател Румен Радев, а освен нив двајца на состанокот ќе учествуваат и претседателите на Азербејџан, Србија и Романија, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Пендаровски веќе најави дека на први октомври ќе оди во Софија и во телевизиско интервју кажа дека досега четирипати разговарал по телефон со Радев околу увозот на електрична енергија. Иако на агендата на средбата се енергетските прашања, не е исклучено Пендаровски и Радев да имаат билатерална средба за развојот на односите меѓу двете земји, пренесува Слободен печат.
Дел од бугарските медиуми веќе објавија дека Пендаровски оди во Софија без страв од бугаризација.
– Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство. Навредливо е за македонската нација да кажеш дека протокол, договор, преку механизми на европска интеграција, дека јас и ти можеме да станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално чувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација. Мислам дека тоа е испукан ќор-фишек, бидејќи нема никаква опасност дека ние низ европските процеси на крајот на станеме Бугари – рече Пендаровски.
За средбата во Софија кажа дека целта е да покажат дека „не треба да се гледаме и понатаму како непријатели, напротив како добри соседи кои си помагаат и во неволја”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…
Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…