Пендаровски на средба со албански пратеници: Односите меѓу Македонија и Албанија се одлични
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на пратеници од Собранието на Република Албанија, учесници на вториот состанок „Улогата на парламентарците во текот на преговарачкиот процес“ во рамки на проектот „Зајакнување на експертизата и капацитетите на парламентарците во однос на процесот на пристапување во ЕУ“, што се одржува во Скопје.
Претседателот Пендаровски беше запознаен со активностите предвидени во рамки на проектот, што се реализира со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.
На средбата претседателот Пендаровски истакна дека одличните билатерални односи меѓу Македонија и Албанија се добра можност за размена на искуства и во доменот на европската интеграција, имајќи го предвид истовремениот почеток на пристапните преговори на двете држави.
На средбата се разговараше за состојбите во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија на Украина и енергетската криза, соопшти кабинетот на шефот на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…