Пендаровски на средба со Мирослав Лајчак: Засилена регионална соработка е еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска во Давос оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања и главните регионални предизвици, за очекувањата од дијалогот Белград-Приштина и за важноста од засилена регионална соработка како еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот. Во однос на перспективите на Македонија, двајцата соговорници ја нагласија неопходноста од одговорен пристап на сите политички чинители, за обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата.
Претседателот Пендаровски и специјалниот претставник на ЕУ Лајчак ја нагласија важноста од продолжување на редовната комуникација и размена на мислења и информации од заемен интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…