Пендаровски: Неисполнетите ветувања на Европската Унија имаат безбедносни импликации во регионот
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Берлински процес 2022 – Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија.
Поврторно актуелизирање на Берлинскиот процес, за претседателот Стево Пендаровски, е одлична вест. Тој нагласи дека договорите потпишани меѓу шесте земји од Западен Балкан за меѓусебно признавање на лични карти, признавање на дипломи и квалификации од областа на медицината, стоматологијата и архитектурата се голем чекор кон создавање заеднички регионален пазар.
Директорот на германската фондација Фридрих Еберт во Скопје порача дека земјите од регионот треба да изнајдат начини да градат нови сојузи и да ја интензивираат соработката за да одат напред кон ЕУ.
„И денес, тоа е и причината поради која мислам дека повеќе или помалку сме на автопилот, има многу земји-членки кои се скептични за проширувањето и, да бидам искрен, веројатно не ги разбираат целосно импликациите, вклучително и безбедносните импликации врз регионот од доцнењето на агендата за проширување и прекршувањето на ветувањата од Самитот во Солун“, изјави Рене Шле, директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Скопје.
Дебатата за Берлинскиот процес ја организираше Фондацијата „Фридрих Еберт“. Берлинскиот процес започна во 2014 година со иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел. Меѓу главните цели на овој процес се подобрување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот на Западен Балкан. Процесот се фокусира на слободното движење на луѓе, услуги, стоки и капитал. Последната средба се одржа на почетокот на ноември годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…
Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…
Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…