Пендаровски не ги коментира заканите од Џамбаски: Забраната за бугарските радикали е во надлежност на Владата!

t

Претседателот Стево Пендаровски не ги коментира последните закани за атентат од бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Од Кабинетот на претседателот за „Локално“ одговорија дека надлежностите за евентуална забрана за бугарски радикали е кај Владата.

„Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата на Република Македонија“, кратко соопштија од Кабинетот на претседателот.

Синоќа Џамбаски ги прокоментира препораките на Пендаровски тој и уште неколку бугарски државјани да бидат прогласени за персона нон грата во Македонија.

„Нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот, српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“, рече Џамбаски за бугарска „Нова“.

Тој најави дека на 4-ти февруари (чествувањето на роденденот на Гоце Делчев) ќе дојде во Скопје, за да го посети гробот во дворот од црквата Св. Спас.

Пендаровски пред два дена рече дека сите анализи на надлежните безбедносни служби покажале дека 4-ти февруари ќе биде настан со висок безбедносен ризик бидејќи се мобилизирани одредени структури во Бугарија да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на неколку лица кои водат антидржавна кампања кон Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…