Пендаровски: Не е до законите, проблемот е во човечкиот материјал

t

Во интервју за Канал 5 претседателот Пендаровски вечерва зборуваше за неодамнешните измени во Кривичниот законик и реакциите во јавноста откако тој го потпиша Указот за прогласување на законот.

Претседателот Пендаровски истакна дека е недозволиво во една демократска држава еден процес да трае 10 или повеќе години.

„Јас мислам дека со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком, луѓето кои осум години не ги суделе овие другите предмети. Значи не е проблемот до законот, до човечкиот материјал е“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Во оваа насока претседателот Пендаровски се осврна и на работата на Судскиот совет чија задача е да ги санкционира судиите за кои ќе утврди дека ги одолговлекуваат судските процеси.

„Судиите коишто решиле да не судат, а Судскиот Совет не ги казнува, не ги дисциплинира, не ги дистанцира од судењето, зошто не се во судница?!“, рече претседателот Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по тридневната…

(Фото) УХМР со најнова прогноза: Еве какво…

Следува период на сончево и релативно топло…

(Видео) Страшни удари на неколку „торнада“ низ…

Неколку моќни торнада погодија неколку американски држави.…

Ахмети: Тие што мислат дека можат да…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки…

(Видео) Мециновиќ: На Мицкоски му честитаа Таравари…

Носителот на ИЕ 2 од #Левица Амар…