Пендаровски од Охрид: Нашата заедничка кауза е напредна, среќна и просперитетна Македонија

t

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше со граѓаните на Охрид.

Истакнувајќи го својот концепт за Македонија, како земја на сите граѓани, Пендаровски рече дека само тој од седумте кандидати за претседател претендирал да земе гласови од граѓаните од сите етнички заедници, додека останатите кандидати ги барале гласовите само од својата етничка заедница.

„Умешноста е сечиј потенцијал да го искористиме и да ги впрегнеме во заедничката кауза. Заедничката кауза е напредна Македонија, среќна просперитетна, инаку се помалку ќе има млади луѓе. Знаете дека од едниот до другиот попис изгубивме 200 илјади луѓе. И затоа нови делби не ни требаат“, рече Пендаровски пред охриѓани.

Осврнувајќи се на досегашната работа, Пендаровски рече дека и тој и актуелната политичка гарнитура правеле грешки. Но работеле исклучиво во интерес на државата и на граѓаните. А тоа го потврдува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија.

„Не сме ги кршеле процедурите на демократијата во Парламентот, никогаш не сме биле во сојуз со подземјето, со криминалот, за да ги малтретираме политичките опоненти. Ние не монтиравме политички процеси“, додаде тој.

Пендаровски и во Охрид се наврати на 27 април 2017-тата година и истакна дека во ниту еден европски парламент, гледајќи 3 века наназад, не е забележена таква сцена.

„Тие го бранеле Уставот и државата и највисоката државна институција во една парламентарна демократија, а ние другите сме биле насилници кои сме сакале по пат на сила да дојдеме на власт. Поголема лага од оваа во нашава Македонија не е измислена, од Прохор Пчински 1944-та до денес. И затоа нека им служи на чест“, потенцираше Пендаровски.

Повикувајќи ги да гласаат за бројот 1, Пендаровски ги охрабри охриѓани масовно да гласаат на 8 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВНИМАВАЈТЕ: На овој патен правец во Македонија…

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи…

ЦУК: Растат водостоите на реките, можни се…

Центарот за управување со кризи информира дека…

НИКОЛА РОКВИЌ ПО 18 ДЕНА ПЕШАЧЕЊЕ ВЛЕЗЕ…

Српскиот пејач Никола Роквиќ влезе во Грција…

Четири европски земји наскори би можеле да…

RTE News синоќа објави дека се интензивираат…

[ВИДЕО/ФОТО] Русија ја покажа огромната моќ! Парада…

На Црвениот плоштад во Москва почнала воената…