Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

t

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју за телевизија Алсат истакна дека е можен пресврт во вториот круг на изборите на 8 мај, бидејќи како што рече, убеден е дека мнозинството од граѓаните во Македонија ќе го поддржат концептот кој го застапувал и во изминатите пет години како претседател, односно концепт на заедништво, почит кон луѓето кои обединуваат, реализација на стратешките интереси за државата, подобар живот, демократија и почитување на човековите слободи и права.

„Ќе се обраќам на сите гласачи, на сите етнички заедници. И гласачите на албанските политички партии и гласачите на ЗНАМ и на сите други, и на овие две други политички партии кои имаа кандидати, а испаднаа во првиот круг. Меѓутоа како на граѓани. Нема да се обраќам и нема да правам заткулисни некои лидерски преговори или под маса, да ми дадете вие толку гласови, оние толку гласови. Јавно, транспарентно им кажувам на сите – ова е мојот концепт, јас се залагам за ова и мојот концепт е драстично различен од концептот кој го нуди Гордана Силјановска Давкова. Тоа мислам и кај многу Македонци и кај многу Албанци ќе значи. Но, повторувам – се обраќав до сега и ќе се обраќам од сега на граѓаните, независно за кого гласале во првиот круг и независно на која етничка заедница припаѓаат”, потенцираше Пендаровски.

Во интервјуто тој се осврна и на повиците од ВМРО – ДПМНЕ за бојкот на вториот круг од претседателските избори, истакнувајќи дека со бојкот не се решава проблемот и не се победува, напротив со бојкот се губи.

„Очекувам да се постигне цензусот, особено зошто имаме двојни избори, многу луѓе ќе излегуваат и да поддржат некои од политичките партии, има многу партиски листи. Сите кои ме поддржаа во првиот круг, 15 политички партии и оние од кои очекувам поддршка во вториот изборен круг никогаш нема од мене да слушнат, ниту досега, ниту од сега, да се бојкотираат изборите. Конечно, клучното прашање е што добивате со бојкот на изборите. Тоа не значи дека воопшто ќе немате претседател на државата. Тоа ќе значи дека за месец ипол два, повторно ќе одиме на избори. И тогаш ако нема, ќе одиме трет пат, четврти. Државата мора да ја има пополнето највисоката политичка, државна функција”, подвлече Пендаровски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…