Пендаровски се вклучи во одбраната на Украина: Поддршка за територијалниот интегритет и осуда за Русија

t

Претседателот Стево Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

– Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата, објави Пендаровски на социјалната мрежа Твитер.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

– Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики”. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015, напиша Ковачевски на Твитер.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…