Пендаровски се сретна со Дритан Абазовиќ: Разгледана европската перспектива на двете земји

t

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Цетиње оствари средба со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, нагласувајќи ја можноста за зајакнување на економската соработка.

Исто така беа разговарани прашања за европската перспектива на двете земји, како и за актуелните состојби во поширокиот регион, во контекст на руската инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакна дека Македонија со особено внимание ја следи политичката состојба во Црна Гора и посакува што побрзо формирање на новата Влада. – пренесе Макфакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…